345
На Јутуб повторно се објавија разговори меѓу носителот на пратеничката листа во изборната единица три, Игор Јанушев и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
На каналот „Обнова на режимот“ објавени се пет нови снимки во кои се водат разговори за организирање на летови се договараат термини за пренесување на патниците и се споменува кој за тоа требa да плати.Снимките се именувани како „Јанушев 4 чартер летови за ДПМНЕ“, „Резервирајте ако треба и празен нека биде“, „Јанушев и Миле 190 илјади евра Бетон да плати“, „Цени да ги вратат недела попладне“, „Уништување документи Игор Јанушев“.