Нови „бомби“ со Мицкоски: „Се борам сам ова СЈО да не помине, автоматски и неговиот предмет, тој „Империја“

од Берта Китинска
472 прегледи

Утрово  на каналот „Рекет“ на Јутјуб се објавени нови снимки од разговори во кој се слушаат наводно гласовите на Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Милески-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“ и Слободанка Алексовска, членка на опозициската партија.

Во неа наводно се слуша гласот на Мицкоски како вели: „Се борам сам ова СЈО да не помине, автоматски и неговиот предмет, тој „Империја“, се мисли на предметот во кој обвинет беше Орце Камчев.

Во следното видео, насловено како „Рекет-6“ Мицкоску му се жали на Кичеец и вели дека тој е единствениот што се бори, а него го тепаат и се вљубуваат во Зоран Заев.

-Првично, ние имам многу принципиелни позиции, многу цврсти аргументи. И единствен кој што се бори за сите случаи сум јас, вели Мицкоски. На тоа се надврзува Кичеец, кој вели: „Реално во вас се сите џокери“.

Слични содржини