Проруски сепаратисти го разрушуваат стратешкиот град Дебалцево во источна Украина. Ова го соопшти началникот на локалната украинска реонска полиција Вјачеслав Аброскин, цитиран од Франс прес, соопштија агенциите.

Според неговите зборови, станбени и административни згради се подложени на континуиран артилериски напад. Полицискиот комесаријат бил погоден од ракета “Град”.
Градот е во пламен, пишува Аброскин на Фејсбук.
Амбасадорот на САД во Украина Џефри Пајет исто соопшти за нападот. На “Твитер” тој напиша дека во предградието на Дебалцево се распоредени руски оружја, вклучувајќи и системи за противвоздушна одбрана, соопшти уште Франс прес.
Волонтерски баталјон “Азов”, кој го штити Мариупол, објави дека руски оклопни возила без препознавачки знаци се инфилтрирале на украинска територија во Новоазовск – град на границата со Русија под контрола на бунтовниците, на 30 километри од Мариупол.
Нема голема промена во ситуацијата во бунтовничкиот бастион Донецк со приближувањето на запирање на огнот – гаѓањата со системи за рафален оган “Град” продолжува и утрово со поголем интензитет.
Додека пак траат борбите, пратениците од Народниот одбор на самопрогласената Доњецка народна република го ратификуваа Минскиот договор според следната таа ноќ во 00 часот треба да престанат борбите во источна Украина и да почне повлекувањето на тешката воена техника.
Формирана е работна група која ќе реализира мерките наведени во договорот, пренесува Интерфакс.
Во меѓувреме, сепаратистите од ДНР најавија дека немаат намера да ги пуштат украинските војници, блокирани во “дебалцевскиот котел”, а им било предложено да се предадат.
Потсетуваме во регионот се блокирани неколку илјади украински војници.
Нема да ги гаѓаме, но од “котелот” нема да ги пуштиме, велат од Министерството за одбрана на ДНР.
А зошто да сме должни да ги пуштиме,им дадовме шанса да останат живи, тие се непријателот, реален непријател, дошол во нашата земја, вели Едвард Басурин, шеф на ГШ на Министерството за одбрана.
Тој уверува дека сепаратистите веруваат дека цврсто ќе се придржуваат и ќе го почитуваат претстојното примирје, но во случај на агресивни дејствија од страна на противникот, ќе следи одговор.