Нови цени на горивата – бензините поскапуваат на полноќ

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Со новата одлука на Регулаторна бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува.

benzin

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит и сега литар БС-95 ќе се купува за 71,50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денари и од вечерва на полноќ ќе изнесува 73,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 56,50 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 45,00 ден/лит.