Нови цени на горивата: Еве колку ќе чинат дизелот и бензинот

од Nikola Popovski
249 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која
се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,22% во однос на
одлуката од 3.3.2023 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 78,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.03.2023 година и со тоа малопродажната цена наЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,722 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,988 ден/кг.

Од 7.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 41,988 (денари/килограм)

Слични содржини