Нови цени на горивата од полноќ

од Nikola Popovski
234 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика информира дека следува повторно поскапување на малопродажните цени на горивата од полноќ.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95
изнесува 85,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување
на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 76,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,979 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,776 ден/кг.

Од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 85,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 87,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 44,776 (денари/килограм).

Слични содржини