Нови детали: Документ открива како биле регрутирани девојките за „масажите“ на Епстајн

од Stefanija Kuzmanovska

Деветнаесет незапечатени документи од тужбата поврзана со Џефри Епстајн, осудениот педофил кој почина во затвор пред неговото судење за обвиненијата за сексуална трговија, беа објавени во четвртокот.

Ова е втора серија која произлегува од судскиот налог од 18 декември на судијата кој ја надгледува тужбата, што е одговор на правните напори на медиумите да ги објават документите. Документите објавени во четвртокот вечерта се протегаат на повеќе од 300 страници.

Документите се дел од граѓанската тужба за клевета од 2015 година, поднесена од Вирџинија Робертс Џуфре, Американка која тврдеше дека Епстајн сексуално ја злоставувал како малолетна и дека Гислејн Максвел, поранешната девојка на Епстајн, помогнала во злоупотребата.

Документите во четвртокот ги следеа оние објавени во средата, а се очекуваат повеќе во наредните недели.

Документите, вклучително и материјалот што допрва треба да биде одпечатен, се очекува да содржат речиси 200 имиња, вклучително и некои од луѓето кои го тужеа Епстајн, истакнати бизнисмени, политичари и други.

Еден документ, изјава од детективот на Палм Бич, Џозеф Рекари, го прикажува процесот за кој вели дека Епстајн и Максвел го користеле за наоѓање и регрутирање девојки „за масажа и работа во куќата на Епстајн“.

Рекари бил водечкиот детектив во претходен случај против Епстајн во средината на 2000-тите.

Во документот, на прашањето на адвокатот со колку девојки разговарал Рекари кои биле регрутиран од Максвел, Рекари одговорил: „Јас би рекол со 30, 33“.

Адвокатот го прашал Рекари: „И на крајот од таа масажа, ако жртвата донесе други пријатели, ќе ѝ биде платено за регрутирање на тие пријатели?

„Точно“, одговорил Рекари.

Во друг момент, адвокатот го прашал детективот: „Дали утврдивте дека ‘масажа’ е всушност шифра за нешто друго?“

Рекари одговорил: „Кога оделе на масажа, тоа било за сексуално задоволство“.

Втората тужителка, чие име останува скриено, во изјавата од 2016 година рекла дека кога имала меѓу 15 и 17 години, ѝ било платено да му пружи масажа на Џефри Епстајн иако немала искуство со масажи.

Масажата, мислела таа, „не вклучува никаква сексуална активност. Тоа е она што го претпоставував“.

Но, таа рече дека нејзината претпоставка била погрешна.

„Бев таму, и одеднаш ми се случи нешто ужасно“, рекла таа за своето искуство со Епстајн, додавајќи: „Тоа не требаше да биде сексуално, но беше“.

Таа додала дека донела други средношколки во домот на Епстајн на негово барање и дека била платена да биде во неговата куќа дури и ако не прави ништо.

Некои имиња и натаму се затемнети во незапечатените документи.

Слични содржини