Нови детали: Ен Хеч под истрага поради сообраќајната несреќа по која падна во кома

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Ен Хеч неодамна доживеа сообраќајна несреќа, по која е во кома.

Таа во петокот со својот автомобил удрила во куќа во Лос Анџелес, предизвикувајќи пожар, а актерката сега наводно е под истрага за кривично дело возење под дејство на алкохол или дрога.

Имено, бидејќи една жена пријавила дека е повредена и дека ѝ е потребна помош откако актерката удрила со автомобил во нејзината куќа, полицијата во Лос Анџелес го префрлила случајот на кривична истрага, пишува Page Six.

Нов развој на настаните се случи во понеделникот, кога беше наредено да се тестира крвта на актерката за да се види дали во моментот на несреќата била под дејство на алкохол и/или дрога.

Според извештаите, полицијата верува дека Ен била под дејство на некој вид опијат кога удрила со својот автомобил во две различни згради пред нејзиниот автомобил да се запали, оставајќи ја со тешки изгореници.

„Утрово добивме информација дека налогот бил добиен истиот ден кога се случила сообраќајната незгода, 5 август. Налогот бил за земање крв, а истрагата е во тек до доаѓањето на резултатите од тестот. Доколку се утврди дека била под влијанието на опијати, може да ѝ биде поднесена прекршочна пријава за возење под дејство на алкохол. Досега никој не е уапсен“, изјавија од полициската управа во Лос Анџелес за Page Six.

Слични содржини