Нови детали од апсењето на Албашир: Сакала да се фрли од прозорец

од Stefanija Kuzmanovska

Новинарката на CNN TÜRK, Мерве Токаз, влегла во куќата во која била уапсена жената која ја активирала бомбата во Истанбул, Ахлам Албашир.

Токаз изјавила дека терористката се обидела да се самоубие кршејќи го прозорецот на балконот откако слушнала дека полицијата дошла во куќата.

Албашир била сместена во трикатница на врвот од зградата, таа била прифатена како бегалец. Инаку, во тој стан живеело сириско семејство, кое не било свесно дека е домаќин на терорист. Според семејството, по нападот, таа нервозно седела во дневната соба и праќала СМС на телефонот. Облеката во која бил извршен нападот биле маскирни панталони и црн топ. Брзо се пресоблекла откако пристигнала во куќата, сакала да ја фрли облеката во корпата за отпадоци во кујната.

Сопственикот на куќата го забележал тоа и рекол: „Што правиш? Зошто ја фрлаш облеката?“, а Албашир го замолила да ја фрли облеката во рерната и да ја запали.

Кога таа ги слушнала гласовите на полицајците го скршила прозорецот на балконот и се обидела да се фрли од третиот кат. Во тоа ја спречиле полициските службеници.

Да потсетиме, во терористичкиот напад во Истанбул загинаа 6 лица, а над 81 лице е повредено.

Слични содржини