Нови детали од пукањето во Тајланд: Напаѓачот доживеал нервен слом

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Тинејџерот осомничен за убиство на две лица во трговски центар во Тајланд, меѓу другите кривични дела ќе одговара за убиство со умисла, обид за убиство и недозволено поседување огнено оружје, соопшти денеска полицијата.

Осомничениот, кој има 14 години, ќе биде изведен пред судот за малолетници подоцна во текот на денот, изјави претставник на полицијата во Бангкок за „Ројтерс“, додавајќи дека полицајците имале потешкотии да комуницираат со осомничениот.

Тинејџерот од Тајланд, осомничен за убиство на двајца странци во престрелка во Бангкок, наводно доживеал нервен слом и го модифицирал пиштолот што бил направен за маневарска муниција.

Полицијата во Тајланд вчера уапси 14-годишно момче откако претходно отворил оган во луксузен трговски центар во главниот град Бангкок, при што две лица загинаа, а пет други беа повредени.

Локалните власти го привеле осомничениот со оружјето.

Повеќе од 10,3 милиони цивили во Тајланд поседуваат огнено оружје, што е околу 15 парчиња оружје на секои 100 луѓе, според податоците од швајцарското истражување од 2017 година.

Слични содржини