Контролорот на летови на аеродромот во Минск, Максим Кијаков, објави дека одлуката за присилното слетување ја донел капетанот на авионот „Рајанер“, односно Минск не го присилил авионот да слета.
„Најблискиот аеродром беше во Минск и, во согласност со меѓународните правила, капетанот донесе одлука да слета кај нас. Тоа е одлука на командантот на екипажот“, изјавил Кијаков за телевизијата ОНТ.
Телеграм-каналот „Пул Први“, кој е близок до претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, исто така објави дека и Атина и Вилнус побарале од Минск, како најблизок аеродром, да го прифати авионот во моментот кога информацијата за бомбата пристигнала.
„Пристигна најава за бомбардирањето. Во тој момент авионот се наоѓал во воздушниот простор на Белорусија. Во исто време, и Атина и Вилнус бараат од Минск да го прифати авионот. Според упатствата, контролорот на летот треба да му предложи на екипажот најблискиот аеродром. Во моментот кога пристигна објавата, најблиску беше Националниот аеродром во Минск “, се наведува во соопштението.
Како што е нагласено, „командантот на авионот донел одлука да се сврти кон Минск“.
„Тогаш тие го информираа претседателот за ситуацијата. Првиот (претседател на Белорусија Александар Лукашенко) веднаш рече: ќе провериме, ќе помогнеме. Ние го прифативме, организиравме проверка. Ја осигуривме безбедноста на патниците“, се наведува.
Претходно беше објавено дека авионот „Рајанер“, кој летал од Атина за Вилнус, бил принуден да слета во Минск, по објавата дека во него може да има бомба. Меѓу патниците бил и основачот на опозициски телеграм-канал „Некст“, Роман Проташевич, кој веднаш бил уапсен на аеродромот. Тој е обвинет, меѓу другото, и за „рганизацијата на масовни немири“ во Белорусија.
Според Министерството за одбрана на Белорусија, МиГ-29 бил назначен да го придружува патничкиот авион.