Нови детали за масакрот во Прилеп: Отишле кај убиецот за да ги подобрат семејните односи, била фрлена бомба кон полицајците

од Nikola Popovski
50 прегледи

Страшно злосторство го потресе Прилеп откако тројца членови на едно семејство, меѓу кои и едно дете, беа пронајдени мртви со прострелни рани во куќа во центарот на градот, потврди МВР.

Како што изјави јавниот обвинител од Прилеп, таткото и синот отишле во куќата на нивниот чичко на улицата „Стеван Апостолоски“ во саботата, помеѓу 15 и 16 часот. Во куќата во тој момент бил само чичкото, кој, како што се наведува, претходно ја префрлил куќата на својот братучед во својот тестамент.

Како што информираа од СВР Битола, полицијата пристигнала веднаш откако вознемирената сопруга и мајка на убиените пријавила синоќа во 21: 20 часот дека со часови ги нема нејзините најблиски и смета дека се кај вујкото на сопругот, 63 годишниот прилепчанец со иницијали П.Ѓ.

Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во Прилеп, според првичните сознанијата со кои во моментот располага СВР Битола-ОВР Прилеп се следните:

„На 12.07.2025 година околу 15:00 часот П.Ѓ.(62) од Прилеп телефонски му се јавил на неговиот внук од сестра П.Ч.(43) од Прилеп, при што истиот го поканил да оди во неговиот дом во Прилеп, но инсистирал со себе да го поведи и неговиот малолетен 13 – годишен син, односно внук од сестра на П.Ѓ.
Според првичните сознанија, П.Ч. по поканата од неговиот вујко го зел со себе малолетниот син, по што и кажал на неговата сопруга К.Ч. (43) дека неговиот вујко инсистира да оди во негова посета заедно со неговиот син, при што истите заминале.

Според првичните информации и сознанија од очевидци кои ги има ОВР Прилеп во околу 15:30 -16:00 часот во непосредна близина на куќата на сега починатиот П.Ѓ. се слушаат истрели од огнено оружје, (најверојатно тоа бил моментот на убиството во кое П.Ѓ. ги застрелува внукот и неговиот малолетен син) но, до тој момент нема никаква пријава во ОВР Прилеп за било какво пукање на подрачјето на Прилеп.

Според сознанијата до кои дојдоа полициските службеници од ОВР Прилеп, на фејсбук профил за кој се претпоставува дека е креиран и припаѓа на вујкото П.Ѓ. во 17:10 часот, поставен бил статус со сомнителна содржина каде истиот ја прозива неговата сестра и внукот ( според времето на објавување се претпоставува дека статусот е објавен по убиството на внукот и неговиот малолетен син).

Сопругата на сега убиениот П.Ч. според сознанијата, по извесно време пробала да ги добие телефонски сопругот и синот, но откако истата не ги добила , се упатила кон куќата на вујкото на нејзиниот сопруг, по што истата видела дека влезната врата е затворена и никој не се одзвива на нејзините довикувања, а надвор пред куќата го забележала паркирано патничкото возило на нејзиниот сопруг. Истата, по одредено време во 21:20 часот го пријавува настанот во ОВР Прилеп каде пријавува дека истиот ден од домот се оддалечил нејзиниот сопруг заедно со нивниот малолетен син и посочува дека најверојатно се наоѓаат во домот на вујкото на нејзиниот сопруг.

Откако во 21:20 часот истата го пријавува настанот во ОВР Прилеп. Веднаш полициски службеници се упатуваат кон куќата на ул „Стеван Апостолоски” во Прилеп и по пристигнувањето на наведената адреса да извршат проверка по пријавата, во домот на П.Ѓ. никој не ја отворил вратата. Веднаш било стапено во контакт со јавен обвинител, по што била издадена наредба од јавен обвинител, полициски службеници со употреба на сила да ја отворат вратата. Кога влегле во куќата П.Ѓ. фрлил бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала. Откако полициските службеници излегле од куќата, од страна на П.Ѓ. било пукано кон нив, при што полициските службеници возвратиле со пукање од службено оружје кон куќата и известиле по радио врска дека во 22:40 часот према нив пукано е од огнено оружје на ул.„Стеван Апостолоски“, за да по кратко време П.Ѓ. со огнено оружје се самоубил. На местото на настанот пристигнала екипа на Итна медицинска помош Прилеп каде од страна на доктор била констатирана смрт како последица од огнено оружје кај П.Ч, П.Ѓ. и 13-годишен малолетник.

На 13.07.2025 во 01:20 часот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп во присуство на јавен обвинител бил извршен увид на ул.„Стеван Апостолоски “ во Прилеп при што од увидот констатирано било дека во куќа со приземје и кат со дворно место пред влезната врата како и во домот беа пронајдени чаури од огнено оружје , како и влезно излезни траги од проектили. Во ходникот на подот пронајдена била и една рачна бомба М93.

Исто така на влезот од собата пронајден бил пиштол калибар 9 мм и пиштол калибар 7,65 мм , документи, парични средства како и договори за имот и останати документи.

Од страна на јавен обвинител била издадена наредба врз телата на починатите да се изврши обдукција“, стои во целото полициско соопштение.

Слични содржини