Нови детали за разводот на Аријана Гранде: Го остави сопругот за женет колега?

од Stefanija Kuzmanovska
373 прегледи

Пејачката Аријана Гранде продолжи понатаму по разделбата од нејзиниот сопруг Далтон Гомез. Таа наводно веќе е вљубена. Се шпекулира дека е во врска со црвенокосиот колега од сетот на спектаклот „Wicked“, Итан Слејтер, кој наводно поради неа се развел од сопругата Лили Џеј, иако имаат едногодишен син.

Извор близок до парот открил за US Weekly дека поранешните сопружници се разделиле спогодбено, и дека пејачката решила „да продолжи понатаму без горчина“. Очигледно тие едноставно одлучиле дека нивните разлики во карактерот се преголеми.

Сепак, сите се прашуваат кој е мистериозниот Итан Слејтер. Јавноста го памети по мјузиклот „Сунѓерот Боб“, а за тој настап беше номиниран и за „Тони“. Итан е само една година постар од Аријана, а се ожени со својата средношколска љубов Лили Џеј во 2018 година, а минатата година добија бебе.

Според странските медиуми, Итан и Аријана почнале да се забавуваат откако ставиле крај на своите бракови.

„Аријана и Итан неодамна почнаа да се забавуваат, кога тој веќе се раздели со сопругата“, рекол извор за People.

Слични содржини