Нови детали за смртта на Дарија Дугина – еве кога бил подметнат експлозивот! (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Неидентификувани лица, наводно, ja поставиле експлозивната направа под автомобилот, во кој беше убиенa новинарката и политиколог Дарја Дугинa, на фестивалот Традиција во Подмосковље.

Ова го изјавија агенциите за спроведување на законот за руската агенција ТАСС.

Колата била на паркинг и не било проблем за никој да дојде до неа.

Органите на прогонот прецизираа дека на фестивалот имало многу гости, тие паркирале автомобили лево и десно на Звенигородска магистрала, каде што се наоѓа имотот Захарово, јави ТВ РЕН.

– По пристигнувањето на паркингот немаше никакви проверки, па експлозивот можеше да биде поставен секаде и за секого, што е направено, изјавил за агенцијата добро упатен извор.

Да потсетиме, трагедијата се случи на 20 август околу 21 часот во близина на селото Болшие Вјаземи во Московската област. Според прелиминарните информации на Истражниот комитет, експлозивна направа експлодирала во тојота ленд крузер, по што автомобилот се запалил.

Дарја Дугина, која управувала со автомобилот, починала на лице место.

Слични содржини