Нови детали за убиството во Гостивар: Пиштолот пронајден во канта

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во близина на семејна куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар, каде синоќа беше пронајден мртов Г.А.(28) со прострелна рана во главата.

Починатиот бил однесен во Ургентниот центар во Гостивар од неговиот татко и таму била констатирана смртта. Врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

При увидот на лице место се подигнати траги, како и оружје – пиштол кој ќе биде предмет на вештачење. По наредба на јавниот обвинител, обезбедени се видео записи од камерите на локалните објекти.

Преземени се и други дејствија од кои се очекуваат резултати за целосно расчистување на настанот.​

-На 17.09.2022 во 19.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во гостиварската болница „Ферид Мурад” со повреда од огнено оружје бил донесен Г.А.(28) од Гостивар, кој набргу починал. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Г.А. се здобил со повредите во дворното место од семејната куќа, а во кантата за отпадоци бил пронајден пиштол. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини