Нови дојави за бомби во Македонија: На мета 49 училишта во Скопје и Куманово

од Nikola Popovski
264 прегледи

Во 49 основни и средни училишта во Скопје и Куманово вчера пристигнаа информации за поставени бомби, соопштија од МВР.

Во Скопје 17 основни и 22 средни училишта добиле закани со бомби, а во Куманово девет основни училишта и едно средно училиште.

Скопските училишта добиваат заканувачки мејлови за поставена бомба од 26-ти октомври кога пристигнуваат речиси секој ден во работните денови, а последните денови почнаа да добиваат закани и училиштата во внатрешноста.

Од неодамна закани за експлозивни направи имаше и во зградите на Министерството за надворешни работи и Народната банка, како и во трговските центри „Ист Гејт Мол“ и „Бисер“. Дојава за бомба имаше и во полициската станица Центар и комплексот згради „Џевахир“.

После проверките сите дојави беа утврдени за лажни.

-Дојавите за бомби се дел од хибридни напади што не се случуваат само кај нас, туку и во регионот и пошироко, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој вели дека обидите за тероризам и хибридно војување одат дотаму да предизвикаат страв, несигурност, паника, уривање на институции, подривање на државата, политичката власт, но и да ги троши институциите.

Тој очекува наскоро да биде решен случајот со електронска дојава за бомба во Кавадарци. И покрај дојавите, Спасовски потенцира дека во моментов немаме какви било индиции за нарушување на безбедносната состојба.

Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема потреба од свикување на Советот за безбедност поради дојавите за бомби. Тој посочи дека надлежните органи се максимално ангажирани и не допуштаат шанса некој да постави експлозивна направа во училиштата.

Слични содржини