Нови дојави за бомби во неколку основни училишта во Скопје

од Radmila Tasevska
150 прегледи

Дојави за наводно поставени бомби претпладнево се испратени во неколку скопски основни и средни улилишта. Учениците се евакуирани и во тек се антитерористички проверки.

„Денес до 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во соопштението на МВР.

Дојави за бомби на неколку локации имаше и во текот на вчерашниот ден, трет во оваа работна седмица, за кои МВР, по извршените проверки, соопшти дека се лажни.

Слични содржини