НОВИ ФОТОГРАФИИ од Тејлор Свифт и познатиот спортист, не се одвојуваат еден од друг

од Stefanija Kuzmanovska

Тејлор Свифт моментално е една од најпопуларните пејачки во светот и ги руши сите рекорди со своите албуми, концерти и документарниот концертен филм што го објави.

Покрај деловниот успех, јавноста будно го следи и нејзиниот приватен живот, а веќе извесно време е во врска со ѕвездата на американскиот фудбал Тревис Келси.

Тејлор најпрво се појави на една од неговите утакмици придружувана од мајката на Келси и гласно го бодреше своето момче од трибините, но тие двајца до неодамна не ја коментираа врската, ниту пак се појавуваа заедно во јавноста.

Меѓутоа, тие сега беа гости во „Saturday Night Live“ и претходно вечераа заедно, објави People, а следната вечер парот беше фотографиран како излегува, цело време држејќи се за рака.

Слични содржини