Google експериментира со различни идеи за тоа како да се олесни користењето на Android
паметните телефони од лаптопите со Chrome OS. На овој начин, компанијата не само што ќе ја
подобри интеграцијата помеѓу двете платформи, туку исто така ќе се обиде да придобие повеќе
луѓе да купат хромбук. Следна идеја на компанијата е целосно да се отстрани границата помеѓу
мобилната платформа и десктоп оперативниот систем. Google програмерите веќе започнаа тестови
со неколку слични карактеристики.

Една од алатките нуди можност за споделување телефонски броеви помеѓу оперативните системи.
Копирањето на број во лаптоп со Chrome OS автоматски ќе го префрли во Phone апликацијата на
смартфоните со Android. Ова значи дека со еден клик директно ќе го повикате бројот и тоа ќе ви
спаси драгоцено време. Компанијата, исто така, сака да го прошири опсегот на опцијата за лозинки
на Wi-Fi мрежи и други корисни информации, пренесе xda-developers.
Во моментов, овој пакет функционалности е достапен за програмери со име „OneChrome“, но не е
исклучено тоа да се промени. Интеграцијата на такви карактеристики сигурно ќе им олесни на
корисниците да работат со уреди со Chrome OS и Android. Претставете си, на пример, ситуација каде
распологата со опцијата да копирате одреден текст од паметниот телефон и да го поставите на
екранот на лаптопот или обратно.