Нови информации за Кејт Мидлтон ја загрижија јавноста

од Nikola Popovski

Светот остана во шок откако принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, објави дека боледува од рак По огромните теории на заговор кои продолжуваат да се појавуваат, пристигнаа некои нови информации за тоа кога принцезата ќе се појави во јавноста.

Извори блиски до кралската палата соопштиле за „Дејли Бист“ дека Кејт нема да се појави до крајот на годината.

– Голем број вработени треба да го знаат точниот распоред на настани неколку месеци однапред. Ми рекоа дека календарот на Кејт е целосно празен до крајот на годината. Воопшто ништо не е планирано. Според се, не очекувајте таа да се појави во јавноста оваа година, соопштил изворот.

Истовремено, некои пријатели блиски на принцот и принцезата порачале дека сега им е најважно нејзиното физичко, но и психичко здравје, па семејството ќе помине време во Сандрингем штом ќе завршат училишните обврски на децата.

Слични содржини