Нови ковид правила во Грција

од Milan1
347 прегледи

Во Грција од денеска се укинати дел од ограничувањата за рестораните поради значителен пад на заразените со Ковид. Сепак, повеќето мерки остануваат на сила, вклучително и маски на отворено.

Рестораните во Грција од денеска работат без ограничување на работното време и со музика, но се почитува протоколот за сертификат и растојание. Олеснувањето на мерките го наложи заморот кај народот, но и заканата од масовни банкротства во туристичкиот сектор, коментираат пратениците.

Грција во моментов не размислува за промена на условите за влез, што бара негативен тест дури и за деца на возраст над 5 години, соопшти Советот за контрола на пандемијата.

Бројот на новозаразени се уште е висок во неколку области – Атина, Солун, Крит и меѓу монасите на Света Гора.

Подрачјата во северниот дел во близина на границата со Бугарија продолжуваат да бележат исто така високо ниво на распространетост.

Во исто време, земјата како целина бележи пад на бројот на заразени за 10.000 дневно.

Децата одат на училиште со три теста неделно.

Најмалку уште еден месец, а најверојатно до Велигден, ќе останеме со маски надвор, изјави претседателката на Сојузот на лекари Матина Пагони.

Слични содржини