Нови критики од УНЕСКО: Охридскиот регион се става на листата на светско наследство во опасност

од Nikola Popovski
248 прегледи

Најновиот извештај на УНЕСКО е дека Охридскиот регион ги исполнува условите за запишување на Листата на светско наследство во опасност. Според извештајот на Реактивната мониторинг мисија на организацијата, која го посети подрачјето во јануари минатата година, посочени се сите неправилности околу грижата и заштитата на Охридското Езеро и во Северна Македонија и во Албанија.

Во извештајот се бара забрзано спроведување на десетици препораки упатени до властите во двете земји, уривање на веќе изградените дивоградби и безусловно почитување на мораториумот за градба на крајбрежјето.

„Инвентарот на нелегалните градби е чекор напред, но уривањето на нелегалните објекти тече премногу бавно, посебно во Северна Македонија. „Сето тоа доведе до нессодветни интервенции, негативни ефекти врз градското планирање, предлози за проекти од големи размери што резултира во сериозно влошување на состојбата на урбаниот, руралниот и природниот пејзаж и клучните атрибути на исклучителната универзална вредност. Со тоа, Светското наследство на Охридскиот регион ги исполни условите за впишување на Листата на светско наследство во опасност“, укажува УНЕСКО во својот извештај.

Од организацијата, освен црвениот аларм за еколошката катастрофа, на македонските власти одново им нуди пат како опција за спас на крајбрежниот регион. И сега постојат рокови од 2-3-5 години, но овој пат почетокот на остранување на дефектите е означен со зборот „веднаш“.

Пред да дојде Реактивната мониторинг мисија во јануари минатата година, УНЕСКО го објави најнеповолниот извештај за Охридскиот регион, во кој беше побарано отстранување на дивопоставените објекти вдолж брегот на Охридското Езеро и во заштитеното подрачје на градот, целосна забрана за градба, усогласување на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, заштита на старата градска архитектура и отстранување на урбаната опрема околу значајните знаменитости во градот и сончевите колектори од куќите во Стар Град, меѓу другото.

Слични содржини