Во Хрватска на полноќ стапија на сила новите мерки на Штабот за цивилна заштита, кои се однесуваат на намалување на бројот на клиенти и посетители во продавниците и трговските центри.
Според новите правила, во продавниците кои имаат до 10 квадратни метри може да има по еден клиент, додека продавниците од 11 до 100 квадратни метри мораат да обезбедат најмалку 10 квадратни метри за секој клиент, пишува Индекс.хр.
Продавниците до 200 квадратни метри за секој клиент мора да обезбедат 12 квадратни метри, оние до 2.000 – 16 квадратни метри, а оние поголеми од 2.000 квадратни метри мора да обезбедат 20 квадратни метри за секој клиент.
За трговските центри е утврдено дека тие мора да имаат најмалку 16 квадратни метри за секој клиент.
Од продавниците и трговските центри се бара јасно да прикажат известување на влезот за максималниот дозволен број клиенти и строго да се придржуваат до овие ограничувања.