Нови обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за енергетски скандали и долгови

од Илинка Илиоска
57 прегледи

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно влегоа во остар судир по прашање на енергетски скандали и долгови, разменувајќи обвинувања за корупција и злоупотреба на позициите.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција откри дека „енергетски картел при јавни набавки“ е новиот скандал поврзан со фирми во кои учествувала Сања Божиновска. Според Кузеска, фирмите „формирале енергетски картел со цел да ја диктираат цената на увозот на струја на тендерот на ЕЛЕМ во 2012 година и да профитираат.“

Таа додаде: „Не се случило тоа еднаш, 11 пати биле прекршувањата, 11 пати! Па дали е ова нормално?“

„Ова е вморвска шема во енергетиката како во мафијашки филм. Со картели. Само наместо фавели има бел дворец. Уште не е затворен скандалот со долгот на Божиновска гледаме дека има нов со картели и малверзации. Молчи Мицкоски, молчи Божиновска за долгот од 1 милион евра кон државната МЕПСО. Кој картел ги сврте 1 милион евра пари на граѓаните? Ова ли се тие менаџерски способности за што Мицкоски ја постави Божиновска за прв човек во енергетиката?“, праша Кузеска.

ВМРО-ДПМНЕ, преку својот Центар за комуникации, објави обвинувања дека претходното раководство на МЕПСО, под водство на СДСМ и ДУИ, отпишало долг од 14 милиони евра на синот на Муса Џафери и на неколку други фирми блиски до власта. „Следен пат кога СДС ќе зборуваат за долгот на фирмата каде министерката Сања Божиновска била содружник, нека прашаат како братот на Филипче се стекнал со фотоволтаична централа и со кого ја изградил,“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие исто така ги обвинија СДСМ за недостаток на транспарентност и одговорност: „Не знаеме дали СДС имаат малку срам за своите постапки, но знаеме дека ќе одговараат, а тоа го знаат и тие, и затоа стравот е голем.“

 

Слични содржини