Нови оптимистични откритија: Вакцината на Синофарм поуспешна во борбата против новите видови корона

од Stefanija Kuzmanovska
318 прегледи

Вакцините со умртвен вирус можат да бидат поефикасни во борбата против новите мутирани видови на коронавирус, вели врвен имунолог.

Таквите вакцини, вклучително и Синофарм, користат „мртва“ верзија на целиот вирус, нудејќи заштита од повеќе видови на вирусот.

Ова значи дека тие можат да бидат поефикасни во борбата против мутациите.

Лук О’Нил, професор по биохемија на Факултетот за биохемија и имунологија на колеџот Тринити во Даблин, рече дека имунолошкиот систем ќе има „многу оружје против многу делови на вакцината“, бидејќи ваквите вакцини се базираат на целиот вирус.

Досега се одобрени неколку вакцини против ковид-19

Повеќето од нив, вклучително ги оние на Pfizer-Biontek, Moderna, Oxford-AstraZeneca и рускиот Sputnik V, се насочени кон „шилестиот“ протеин на површината на коронавирусот, кој вирусот го користи за да влезе во клетките.

Варијантите на ковид-19, кои се појавија во последните месеци во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил, вклучуваат голем број на мутации на „шилестите“ протеини, што според експертите може да ги направи вакцините помалку ефикасни.

– Останатите вакцини се само против протеините, па доколку вакцината мутира и го избегне имуниот систем, вакцините може да не функционираат- рече проф. О’Нил.

– Вакцините со целиот вирус веројатно делуваат против кој било вид на корона.

Тој рече дека сè уште не е јасно колку мутациите ќе влијаат на вакцините.

-Постојат знаци дека вакцината на Pfizer може да произведе антитела против британскиот вид – рече тој.

– Исто така, сè уште може да има добар одговор на Т-клетките.

Синофарм и други вакцини со умртвен вирус се очекува да создадат одговор на Т-клетките, рече тој.

За време на викендот, здравствениот советник во Белата куќа, д-р Ентони Фаучи, предупреди дека Pfizer и другите вакцини кои работат на овој принцип можеби не се толку ефикасни во заштитата од новите видови.

Раното истражување, кое допрва треба да се разгледа, го поддржа тврдењето на д-р Фаучи.

Слични содржини