Пред неколку дена добро упатени извори од кралското семејство објавија дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ќе го поминат Велигден со своите деца далеку од очите на јавноста, но останато непознато каде би било тоа.
Познато е дека принцезата од Велс останува со своето семејство во нивната куќа во Аделаида и избегнува патување, со исклучок на неодамнешното патување во Сандрингем каде што кралот Чарлс се опоравува.
Токму таму, според извори, младото семејство планира да го помине и Велигден, за да ужива во опкружувањето со природата и најблиските членови на семејството. Ќе бидат сместени, како и секогаш, во луксузната сала Анмер и ќе пристигнат со приватен хеликоптер за да им биде олеснето патувањето што е можно повеќе.
До неодамна се шпекулираше дека на Велигденската миса ќе се појави и Кејт Мидлтон, но извори ставиле точка на шпекулациите, тврдејќи дека сигурно нема да ја видиме во јавноста додека целосно не закрепне, пренесува „Entertainment Tonight“.
„Кралското семејство е крајно ранливо во моментов, но бидејќи покажаа дека се луѓе со слабости како и сите нас, тие се ценети уште повеќе. Сите се толку посветени на своите улоги и мислам дека кога Кејт целосно ќе закрепне, ќе се врати со уште поголема радост и страст“, открила поранешна вработена во палатата.
Сепак, за разлика од Кејт, кралот Чарлс Трети одлучил да собере сили за да ја предводи Велигденската миса, заедно со кралицата Камила, која неодамна ги презеде речиси сите негови должности во јавноста.
Според извори за „Entertainment Tonight“, планот е кралот и кралицата веднаш по церемонијата и кратка средба со другите членови на семејството да се вратат во Сандрингам, каде заедно со Кејт и Вилијам и нивните деца ќе го поминат овој Велигден, во знак на сериозната здравствена состојба, во мир и заедништво.