САД и Европа не можат да се договорат што да прават со смрзнатиот руски имот 

Вашингтон бара од Европејците да го конфискуваат смрзнатиот руски имот додека од оваа страна на Атлантикот се скептични во врска со тоа 

од Бети Божиноска
194 прегледи

Американците и Европејците не можат да се договорат до кој степен би требало да ја „натераат“ Русија да ја обнови Украина, пишува бриселски „Политико“. 

Еден од предлозите за кој се почесто се зборува е конфискација на рускиот имот замрзнат по ескалацијата на судирите во Украина пред две години, за кој се проценува дека вреди околу 250 милијарди долари. 

Администрацијата на Бајден цврсто се залага за тоа решение, но владите во водечките европски земји – пред се Франција, Германија и Италија- се уште се скептични поради потенцијалните правни, етички и политички последици од таквото решение. 

„Никогаш претходно не се одземени резервите на една држава, но преоѓањето на тој праг – кое е неповратно- кога земате руски имот и им го давате на Украинците не е прифатливо за Европејците без силна правна основа што се уште не е изнајдена,“ вели Чарлс Личфилд, аналитичар од Атлантскиот совет. 

Одлучноста на Вашингтон за спроведување на тој план вознемири многумина во Европа кои се загрижени дека тоа би можело да ги исплаши инвесторите во еврото. Други се плашат дека Москва би можела да одговори се конфискација на европскиот имот во Русија. 

Проблем за Американците претставува фактот дека повеќето од средствата се наоѓаат во Белгија – сумата што се чува во САД е занемарлива- така пто согласноста на Европа е неопходна, но јазот меѓу Вашингтон и Европејците по ова прашање е длабок. 

Европската комисија поддржува само конфискација на профитот остварен од замрзнатиот руски имот, но не и самиот имот, со што би се обезбедиле околу три милијарди евра годишно. 

Германија, Франција и Италија ја имаат поддршката и од Европската централна банка, која повеќепати предупреди дека би дошло до нестабилност на курост на еврото љако странските дрѓави го повлечат својот имот од ЕУ. 

Се очекува прашањето за рускиот имот да биде една од главните теми на самитот на Г-7 што ќе се одржи во јуни во Италија. САД ќе се обидат да ги натераат сојузниците да дојдат до заеднички став и пред почетокот на самитот, а можно е да се слушнат и некои „покреативни“ решенија. 

Една опција би можела да биде користењето на рускиот имот како покритие за банкарски заеми, а западните земји би му ги предале средствата на Киев само ако Русија одбие да ги плати заемите како воени репарации откако ќе заврши конфликтот. 

Со други зборови, ЕУ очекува од Русија да ги отплати долговите на Украина што Брисел ќе ги направи од име нља Москва- и тоа без нејзина согласност. 

 

 

Слични содржини