Нови порои. Зимата се враќа со сета жестина

од Vladimir Zorba
105 прегледи
 Снежна бура ја зафати Словенија црвена тревога во Хрвтска северозападна Бугарија исто на удар. Во многу региони некои  училишта се затворени и  се воведени се ограничувања во патниот сообраќај.Зимата всушност и не заминала.
ralice_zagreb_citatelj_MarkoArambasic

Обилни снежни врнежи и силен ветер најпрво го погодиле западниот дел од Словенија, а се очекува невреме во текот на денот кое ќе се прошири на целата територија на земјата.

Сообраќајната полиција забранила три гранични пункти за камиони како би се избегнало создавање на колони и нивно заглавување на патиштата.

Возачите се предупредени на можни застои и им е кажано да ги наполнат резервоарите пред да тргнат на пат, со совети да останат дома ако тоа е можно.

 Во Словенија е прогласен портокалов степен на опасност од временски непогоди, во некои делови и црвен.
Експерти најавуваат дека во поголем дел од Словенија во просек ќе паднат повеќе од 40 сантиметри снег, а во некои делови од земјата и повеќе од 70 посебно на североисток.
Како што беше најавено силен снег веќе паѓа и во Хрватска, на северниот Јадран, додека обилни дождови со грмотевици се најавуваат за во Далмација, јавуваат локалните медиуми.

Црвено предупредување на метеоаларм подразбира силни и опасни временски непогоди кои предизвикуваат голема штета на големо подрачје и претставуваат опасност по живот.

Портокалово предупредување , пак , подразбира невообичаени временски прилики, како штета, дури и човечки жртви е можно.

Смирување на времето и престанување на врнежите во Хрватска се очекуваат дури во недела.Во межуврем повеќе планински делници  вече се во прекин

снегг

И во БиХ во наредните денови се очекуваат поголеми врнежи, воглавно во Херцеговина и тоа во северозападниот дел на Босна, додека во Црна Гора според најавите на метеоролозите, снег ќе има на северот од земјата и во високите предели.

Снеги дожд, силен ветар и ниски температури ветуваат и бугарските синоптичари .  Уште од денес во западна Бугарија ќе падне силен дожд и постепено врнежите ќе  ги зафатат и централните делови на земјата.Најмногу дожд се очекува во Родопите – 30-40 л / кв.м. Особено тешко се очекува да биде ситуацијата во Смолјан, каде е прогласен портокалов код. Во северозападните региони врнежите од дожд постепено ќе преминат во снег.Снежна покривка се очекува и во Софија за време на викендот . Температурите ќе паднат значително, и  ќе се задржат околу нулата.