641
Како што пишуваат српските медиуми, кризниот штаб предлага од утре сè да биде затворено во Србија, како што беше случај претходните викенди. Овој пат, затворањето важи и во текот на работната недела, поточно од утре, вклучително и следниот викенд.
Ова значи дека освен продавниците за храна и аптеките, скоро ништо нема да работи.
Медицинскиот дел од Кризниот штаб на последните неколку седници побара заклучување од 10 до 14 дена, додека членовите на Владата беа против.
На порталот за е-влада се регистрирани 1,3 милиони граѓани кои се заинтересирани да примат една од вакцините против вирусот.