Нови построги мерки во Србија

од Берта Китинска
299 прегледи

Досега, коронавирусот е потврден кај 526.112 лица во Србија, а 4.778 лица ја загубија борбата против ковидот. Во болниците има повеќе од 4670 лица и 211 пациент на дишење.

Досега во Србија се дадени 2.052.402 дози вакцина против коронавирус, а 793.926 лица ја примиле втората доза на вакцината, покажуваат најновите податоци на српската влада.

Во сила се построги мерки. Од синоќа до 21 март во Србија ќе работат само продавници за храна, аптеки и бензински пумпи.

Властите предупредуваат дека ситуацијата е неодржлива и дека ако не се случи чудо, примената на остри мерки ќе мора да се продолжи.

-Во прашање не се само бројките, суштината е дека здравствениот систем е толку напнат што состојбата е неодржлива и затоа е потребно да се фокусираме само на нашите итни потреби во следните пет дена, рече имунолог и член на кризниот штаб Срѓа Јанковиќ.

Епидемиологот Предраг Кон, како гостин во РТС, рече дека ситуацијата е полоша отколку во ноември.

Тој потенцираше дека нема да имаме видливи резултати за пет дена карантин, како и дека членовите на медицинскиот дел на Кризниот штаб инсистираат тоа да биде најмалку 14 дена за да се увидат ефектите.

Тој апелира до граѓаните да се вакцинираат.

“Вакцинацијата е навистина најважната работа сега. Таа е пред затворање, но тоа е апсолутна потреба и требаше да биде порано, но немаме време да се вратиме”, нагласи Кон.