Помошник-раководителот на ЦУК Марија Милкова соопшти дека во 15:30 часот е избувнат нов пожар во светиниколско кај Богословски рид и дека на терен има припадници од противпожарните единици на Свети Николе и околните градови.
Исто така, нов пожар има во Крушево во село Светомирани, каде е запалено ѓубриште. Милкова наведе дека пожарот делумно е локализиран, меѓутоа се држи под контрола.
„Пожарот во Прилеп кај селата Дрен и Смолани е локализиран, меѓутоа на потегот кај село Топлица истиот е активен и сега во попладневните часови на лице место е испратен авионот „Спартан“ на романското Воено воздухопловство, кој во неколку наврати ќе истури вода се со цел истиот да биде ставен под контрола и во текот на денот да биде локализиран“,изјави Милкова.