НОВИ ПРАВИЛА ВО АВСТРИЈА Задолжителна вакцинација за сите над 18 години!

од Nikola Popovski

На почетокот на февруари Австрија ќе воведе задолжителна вакцинација против коронавирус за возрасни, со закана од висока казна, најави канцеларот Карл Нехамер, наведувајќи дека е свесен за „чувствителноста“ на ваквата одлука, што е прва ваква одлука во Европа.

-Како што е планирано, на почетокот на февруари ќе воведеме задолжителна вакцинација за лицата над 18 години – изјави шефот на конзервативната влада, која ја предводи заедно со екологистите.

Владата во Виена предложи ревидиран план за задолжителна вакцинација, кој сега ќе важи за сите постари од 18 години, наместо за 14 години, како што беше првично планирано. Официјалните лица рекоа дека постепеното воведување на планот ќе им даде на луѓето доволно можности да се вакцинираат.

Владата пред речиси два месеци најави дека на почетокот на оваа година ќе воведе општа задолжителна вакцинација. Канцеларот Нехамер рече дека постои загриженост поради тоа што тинејџерите се казнуваат, па затоа е направена промена и воведена е задолжителна вакцинација од 18-годишна возраст. Нехамер изјави дека предлог-законот е дизајниран да ја исполни флексибилноста на вирусот. Во Австрија 78,5 отсто од граѓаните се целосно вакцинирани.

На почетокот на февруари ќе се воведат контроли и невакцинираните ќе можат да бидат казнети со парична казна од 600 до 3.600 евра во случај на повторување на делото. Делови од законот може да бидат суспендирани со одобрение на парламентарната комисија, доколку, на пример, идните соеви на вирусот се поблаги или ако експертите проценат дека вакцинацијата повеќе не е патот напред. Во саботата, 27.000 луѓе во Виена демонстрираа против новите правила.

Слични содржини