НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ НИЗ СВЕТОТ: Кој го има овој ДИГИТАЛЕН ПАСОШ или ПЦР, не оди во карантин

од Nikola Popovski
434 прегледи

Следниот месец треба да се појави нова апликација, со која патниците ќе можат да ги следат и управуваат со потребните сертификати кога станува збор за тестовите или вакцините против корона, пренесува Си-Ен-Ен.

„IATA Travel Pass“, односно пропусница за патувања се развива Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), која има 290 авиокомпании под покровителство.

IATA се надева дека со апликацијата ќе може повторно да се патува и да се лета без потреба од карантин.

Како што е наведено, ќе има глобален регистар во кој ќе бидат наведени условите што секоја земја ги бара од патниците.

Пред да се упати кон посакуваната дестинација, патникот може да провери што се бара од него, како што се ПЦР-тестови или вакцина, со цел да го направи сето тоа, доколку е потребно.

Овластените лаборатории и центри за вакцинација ќе бидат наведени во апликацијата и ќе ги споделат своите сертификати.

На овој начин, секој патник може да создаде своја дигитална верзија на пасошот на телефон, да прима и да продолжува да споделува информации и сертификати, но и да управува со друга документација што е неопходна за одредено патување. Патникот на тој начин ќе има доказ за ПЦР-тест или вакцинација, што ќе му овозможи да влезе во посакуваната земја и нема да мора да биде ставен во карантин.

„Со цел да се отворат границите, без карантин, владите мора да бидат сигурни дека ги намалуваат ризиците од воведување на Ковид-19. Решението лежи во тестирањето или докажувањето на вакцинација. Без оглед што планираат владите, подготвени сме да помогнеме со пропусниците на ИАТА“, наведе извршниот директор на оваа асоцијација Александре де Хунијак на својот блог.

Новата дигитална платформа претставува модернизација на постојните хартиени сертификати за вакцини и слично.

Првично, тоа ќе биде само за сертификатите поврзани со коронавирусот, но може да се продолжи.

Апликацијата ќе биде бесплатна за преземање и употреба, а е закажана за да се појави кон крајот на март.

На пример, африканската авиокомпанија РуандаЕр ќе започне со овој потфат преку тринеделна пробна фаза.

Слични содржини