Нови правила за посета на Венеција

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Италијанскиот град Венеција денеска објави нови ограничувања на бројот на луѓе во туристичките групи, што е најнов потег за намалување на притисокот на масовниот туризам во овој град, пренесуваат агенциите.

Почнувајќи од јуни, групите ќе бидат ограничени на 25 луѓе, или околу половина од капацитетот на туристички автобус, а употребата на звучници, „што може да создаде конфузија и нарушување на мирот“, ќе биде забрането, се вели во соопштението на градот.

Службеничката за безбедност на градот Елизабета Песка рече дека политиката е насочена кон подобрување на движењето на групите низ историскиот центар на Венеција, како и на високо посетените острови Мурано, Бурано и Торчело.

Такса од пет евра по лице ќе се применува за 29 дена помеѓу април и средината на јули, вклучувајќи ги повеќето викенди.

Наменета е да се регулира гужвата, да се поттикнат подолги посети и да се подобри квалитетот на животот на жителите на Венеција.

Агенцијата за култура на ОН двапати го наведе влијанието на туризмот врз градот како главен фактор во размислувањето за ставање на Венеција на листата на наследство на УНЕСКО кое е во опасност.

Слични содржини