Словенија и Хрватска вовеле нови правила за превоз и регистрација на мигрантите, а се однесуваат на намалување на капацитетите на возовите, вели министерот за труд во Србија , Александар Вулин.
Во таа нова одлука стои дека во возовите не може да се превезуваат повеќе од 940 мигранти и мора да бидат придружувани со соодветна листа од имиња и презимиња од земјата од која потекнуваат.
Според Вулин, во интервју за Танјуг, таквите нови списоци не претставуваат проблем за Србија и не се нешто ново, бидејќи таа процедура веќе ја спроведуваат во Прешево.
-Она што го очекуваме е да се зголеми бројот на возови од Хрватска, бидејќи со новата мерка се намалува вкупниот број бегалци кои може да се превезат во еден воз. За мерките на владите во Хрватска и Словенија ги известивме и колегите во Македонија, бидејќи така и ќе се однесуваме со мигрантите кои доаѓаат од таа територија, вели Вулин.
Тој очекува и македонската Влада да се прилагоди на овие промени, бидејќи аналогно на одлуката на СЛовенија и Хрватска која се однесува на Србија, така тоа прифаќање на новите услови од страна на српската Влада, ќе значи прилагодување кај соседите и во Македонија.
Моментално во прифатните центри во Србија се наоѓаат околу илјада мигранти кои дошле од Прешево, а треба да заминат во Шид