336
Патниците на летовите кон САД ќе мораат да приложат негативен тест на ковид-19 пред да се качат во авион.
Директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Марк Редфилд, планира да потпише указ за кој ќе биде потребен негативен тест за влез во САД за скоро сите меѓународни патници, не само за Британците, како досега.
Новите правила стапуваат на сила две недели откако Редфилд ќе ја потпише уредбата, што би значело дека тоа ќе биде на 26 јануари, ако биде потпишана денес.
Со недели ЦДЦ бара од владата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја продолжи забраната за влез без негативен тест кој не е постар од 72 часа пред поаѓањето.