Нови предистраги во Обвинителството за злоупотреби на тендери поврзани со ЕСМ

од Nikola Popovski
37 прегледи

Битолското обвинителство истражува како се делеле тендери во ЕСМ и во РЕК Битола. Отворени се шест предистраги, се прибираат докази, а вклучени се и експерти од МВР, потврди државниот обвинител Љупчо Коцевски. Според него, ова обвинителство има капацитет да ги донесе предметите до финиш, а наредниот месец од помош ќе им биде и истражниот центар што ќе се формира во Битола.

Во врска со предметот „Државна лотарија“ во кој е осомничен поранешниот вицепремиер Артан Груби, Коцевски вели дека тој не смеел да ја напушти државата, бидејќи за него обвинителството издало наредба да се сопре ако се обиде да ја помине границата. Се утврдува дали освен полицаецот којшто го пропуштил има и други инволвирани.

Коцевски вели дека засега нема докази против екс-премиерот Димитар Ковачевски, но се проверуваат наводите на МВР дали и кај него има одговорност.

Слични содржини