НОВИ ПРЕТРЕСИ на северот на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
414 прегледи

Заменик-директорот на косовската полиција на север Ветон Ељшани денеска потврди дека на север се спроведува рација и дека претресите се поврзани со терористичкиот напад во Бањска на 24 септември.

Ељшани изјавил дека досега никој не е уапсен, пишува порталот Reporteri.net.

Покрај возилата на косовската полиција, видливи се и возила на ЕУЛЕКС, а меѓу објектите во кои била спроведена рацијата е и зграда во близина на Економскиот факултет во Косовска Митровица.

Припадник на косовската полиција загина на 24 септември, кога околу 30 вооружени напаѓачи ја нападнаа полицијата во Бањска.

Во судирите што следеа беа убиени тројца напаѓачи.

Одговорноста за организацијата на вооружената група ја презеде поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ.

Слични содржини