Нови проблеми на британскиот кралски двор: Меган и Хари ја напуштаат Британија?

од desk4
164 прегледи

Поттикнати од немирниот живот, постојаната осуда од јавноста и недоразбирањата со одредени членови од кралското семејство војводите од Сасекс размислуваат за преселување во Америка, каде би создале свој втор дом.


Од извори блиски на кралското семејство, медиумите дознаа дека младиот брачен пар принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл сериозно размислуваат да се преселат во САД. Во ноември тие одат на долго планираниот шестдневен одмор, во склоп на кој ќе престојуваат во Калифорнија, во домот на Дорија Рагланд, мајката на Меган. Таму тие ќе го прослават големиот американски празник Ден на благодароста, во кругот на семејството и саканите пријатели. Тоа воедно ќе е прва посета на малиот Арчи на татковината на мајка му, како и прва посета на баба му во Америка.
– Сите сфатија дека со Хари и Меган работите не функционираат најдобро во Виндзор, па постои можност свој втор дом да направат во Америка и таму да им биде база едно време – се вели во наводите од истиот извор.
Самата војвотка Меган Маркл јавно изрази незадоволство со животот во Британија и појасни дека навистина се трудела да се вклопи во средината, но не добила поддршка од никого.
– Не е доволно само да преживеете. Тоа не е поента на нашиот живот – изјави таа меѓу другото во документарецот.
За да живеат мирно, далеку од судирите со кралското семејство и традициите кои Меган често ги крши, единствено решение е преселба во Калифорнија. Со оваа идеја изгледа дека полека се согласуваат и останатите членови на монархијата, кои гледаат дека е тешко да ја униформираат некогашната актерка со либерални животни погледи.

Слични содржини