Според странските медиуми, во љубовниот рај на Џорџ и Амал Клуни, во моментов е турбулентно. Имено, парот во моментов се расправа за заминување на езерото Комо, каде што актерот има куќа.
Наводно, Амал била шокирана откако нејзиниот сопруг претставил план дека сака да го напушти Холивуд, ако не и трајно, барем подолг период и да замине да живее привремено во нивната вила на езерото. Не само што треба целосно да го променат начинот на живот, туку треба да ги паузираат своите кариери некое време.
Светската јавност претпоставува дека причина за оваа одлука е здодевноста за време на карантинот и желбата конечно да се врати на местото кое го смета за најубаво во светот, провинцијата покрај езерото Комо, додека од друга страна е тврдиот реалист Амал, која не е воодушевена да остане во Лос Анџелес, сепак смета дека е побезбедно да се остане во вилата во која моментално живеат.
Бидејќи тие веќе имаа неколку кавги и ситуации што ги доведе до работ на развод, се претпоставува дека ова би можело да биде една од нив.
Сепак, иако парот веќе е научен на посебен начин на живот, кој го практикуваат одвреме навреме, тешко е да се заклучи дека едно патување во романтична Италија без сопругата, ќе го натера популарниот холивудски заводник да остави сè зад себе, пренесува „Gossip Cop“.