Нови проблеми во железничкиот сообраќај: Се расипа возот од Велес за Скопје

од Nikola Popovski
600 прегледи

Повторно проблеми во железничкиот сообраќај – утрово не сообраќал возот од Велес до Скопје, кој требало да тргне во 6:27 часот. Причината е што возот што тргнува од Скопје за Гевгелија и обратно, а по возен ред од Железничката станица во Скопје поаѓа во 16,55 часот, синоќа по тргнувањето се расипал. Поради тоа утрово истиот воз во 4.40 часот не тргнал од станицата во Гевгелија.

Голем број од велешани кои наутро патуваат со овој воз на овој патен правец, а попладне во 16:55 часот се враќаат, се ученици, студенти или вработени во Скопје, па имаат месечен или билет со попуст.

Инаку, утрово од Велес за Скопје тргнаа локалниот воз во 5:03 минути и возот од Битола кој според возен ред од станицата во Велес поаѓа во 5:46 часот.

Патничкиот железнички сообраќај одамна е во хаос. Веќе некое време од Битола до Скопје и обратно има само по еден воз дневно.

Македонски железници со години имаат финансиски проблеми во работата. Се променија неколку директори, но никој не успеа да најде решение.

Слични содржини