Пред неколку дена, брендот на Меган Маркл беше одбиен од Уредот за патенти на САД (USPTO). Имено, на компаниите не им е дозволено да се брендираат по географски локации, што го вклучува и прекарот „Американска ривиера“ за областа околу домот на славната двојка во Монтесито, Калифорнија.
Сега истиот пример го доведува во прашање начинот на кој буквата „о“ во зборот „Orchard“ е впишан во логото на брендот. Познатиот пар бил информиран дека мора да го усогласат описот на логото со начинот на кој е исцртано, односно дека не се усогласени. Додадено е дека описите мора да бидат исклучително прецизни, а тоа не е случај овде, затоа што не ги опишува сите елементи во дизајнот на логото.
Сепак, работата не е толку црна – „USPTO“ и дојде на помош на Маркл со корисни совети. Во документот што го објавија се вели и дека производите што сакаат да ги регистрираат не се доволно прецизно дефинирани. Меѓу производите се сапун, салфети, тави, вилушки, лажици и други кујнски алатки.