Нови проблеми за критичарот на Путин: Поднесено обвинение за вандализам против Навални

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Рускиот опозиционер Алексеј Навални денеска соопшти дека е информиран за нови обвиненија против него.

Навални (47), кој веќе отслужува 30-годишна затворска казна за различни злосторства, вклучително и екстремизам, кој тој го негира, најголемиот дел од казната го поминал во самица поради серија наводни прекршоци, објави „Ројтерс“.

Навални денеска изјави дека е обвинет според член 214 од рускиот кривичен законик, кој вклучува вандализам.

„Немам поим што е член 214 и немам каде да видам. Ќе бидете известени кога ќе погледнам. Против мене поднесуваат нови случаи на секои три месеци. Ретко е затвореникот во самица да биде толку социјално и политички активен за една година“, наведе Навални на Телеграм.

Во август, Навални беше осуден за екстремистички активности и 19 години затвор беа додадени на постоечките 11,5.

Тој ги отфрли сите обвиненија како „политички мотивирани кои имаат за цел да ја замолчат неговата критика кон Кремљ“.

Минатиот месец тројца негови адвокати беа наведени како „терористи и екстремисти“ во Русија, пет недели откако беа уапсени под сомнение дека припаѓаат на „екстремистичка група“.

Слични содржини