Нови проблеми за Лејкерси – се повреди Дејвис (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Со проблемите со короната и отсуство на поголем број играчи, на Л.А. Лејкерс им требаше само уште повреда од Ентони Дејвис.

Сепак, тоа им се случи при поразот на гостувањето кај Минесота од 110:92.

Лејкерси останаа без вкупно шест кошаркари во протоколот, а мечот го почнаа лошо со само 16 поени во првата четвртина.

На полувремето заостануваа девет поени (54:45), за да си дадат практично невозможна задача кога влегоа во последниот дел со -20 поени (85:65).

И да бидат работите уште полоши, Дејвис се повреди во таа трета четвртина кога Џејден МекДаниелс незгодно му падна на левото колено.

По натпреварот беше потврдено дека Дејвис ќе мора да направи магнетна резонанца во текот на денот.

Инаку, станува збор за истото колено поради кое неодамна мораше да пропушти два меча.

Слични содржини