212
Проблемите на Реал Мадрид со повредени играчи се влошува. Откако стана јасно дека „кралевите“ нема да се потпираат на Тони Крос и Марсело во следните недели, Лука Модриќ исто така влезе во амбулантата.
Хрватскиот играч од средниот ред го пропуштил тренингот на тимот денес, и сè уште не е јасно каква е состојбата со неговото здравје.
Реал Мадрид се надева дека играчот од средниот ред ќе биде подготвен до 6 март, кога Реал Мадрид игра реванш со ПСЖ од 1/8-финалето на Лигата на шампионите.