НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА ТРАМП: Короната го затвори неговото одморалиште Мар-А-Лаго

од Stefanija Kuzmanovska
368 прегледи

И покрај фактот што досега во САД се вакцинирани повеќе од 100 милиони луѓе, што е убедливо најмногу од сите земји во светот, пандемијата на коронавируси не запира!

Така, луксузното одморалиште Мар-А-Лаго, чиј сопственик е поранешниот претседател Доналд Трамп, беше делумно затворено во Флорида. Според Си-Ен-Ен, трпезариската сала била затворена, а сите услуги на клубот на плажата биле суспендирани затоа што неколку вработени биле позитивни на коронавирус. Властите ги информираа вработените за делумното затворање на одморалиштето во петокот попладне испраќајќи им е-пошта. Во неа се наведува дека затворањето е последица на „голема претпазливост и ситуација што бара брза реакција“.

„Ги презедовме сите соодветни мерки во согласност со препораките на Центарот за контрола и превенција на болести. Активиравме стерилизација и чистење“, соопшти администрацијата.

Потсетуваме, Доналд Трамп се засолни во ова луксузно одморалиште по поразот на претседателските избори. Тој одби да се врати во Њујорк и неговата кула на Менхетен, бидејќи градот ги раскина договорите со неговите компании по немирите на Капитол Хил. Ова одморалиште од 10.000 квадратни метри има 126 соби и е изградено во 1927 година.

Самиот Трамп долго време ја негираше опасноста од коронавирус. Тој и неговата трета сопруга Меланија се разболеа во октомври и неколку дена се лекуваа во воената болница.

Слични содржини