Нови протести на тутунарите: Велат ништо не се променило од склучениот договор

од Nikola Popovski
370 прегледи

Тутунарите продолжија со блокадите на патот Градско – Прилеп, поради тоа што се незадоволни од проценката на откупувачите, со кои се договорија неделава откупот да продолжи. Велат дека од договорот кој го склучиле минатиот петок, ништо не се променило.

„Се откупува само висококвалитетниот тутун кој до лани го ценеа како прва и втора класа, сега е пониско. И цената е пониска, го земаат за 160-180 денари и затоа просечната откупна цена е 165 денари. И јавноста е во заблуда. Мисли дека ние, производителите, бараме многу. Висококвалитетниот тутун го земаат, другиот ни го враќаат“, вели производител од Чашка, кој произвел пет тони тутун, а му било да понудено да му откупат само два.

Тутунарите од прилепско кои денеска излегоа на протести се лути и на министерот, но и на Сојузот на тутунарските здруженија и преставникот на поверениците Менде Стомнароски, кој минатата недела ги врати поверениците на вагите, а откупот продолжи.

Тие инсистираат во еднквост и писмени гаранции дека ќе се почитува она што беше договорено на нивната меѓусебна средба пред десетина дена во Министерството за земјоделие.

Во спротивно велат дека ќе продолжат со по радикални блокади на патиштата и на откупните пунктови.

Слични содржини