Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше банкарот од Волстрит, Енрони Скарамучи за директор на комуникации на Белата куќа, изјави денеска официјален претставник од Белата куќа.
Се очекува Скарамучи да ја преземе должноста од следниот месец.
Претходно, портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер поднесе оставка поради назначувањето на Скарамучи.
Скарамучи (53) раководи со инвестициска фирма и ќе го замени Мајкл Дубке, кој поднесе оставка на 18 мај поради лични причини. Досега Спајсер ја извршуваше таа функција.
Функцијата директор за комуникации на од големо значење на хартија, но портпаролот на Белата куќа е лицето и гласот на владата на САД, јавуваат американски медиуми.