Министрите за надворешни работи на членките на Европската унија се согласија на неформален вонреден состанок во Њујорк да продолжат со новите санкции против Русија, објави високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација.
Министрите, исто така, се согласија да продолжат со испораката на оружје за Украина, пренесе „Ројтерс“.
Борел посочи дека министрите на 27-те земји-членки на ЕУ кои учествуваат во работата на Генералното собрание на ОН донеле политичка одлука на маргините на седницата за спроведување на нови секторски и индивидуални казнени мерки против Москва.