Нови случаи на корона во Кина: Познато и од каде пристигнале заразените

од Stefanija Kuzmanovska
161 прегледи

Националната здравствена комисија на Кина објави дека се потврдени 12 нови случаи на ковид-19 во земјата, еден повеќе од претходниот ден, како и дека сите новозаразени лица пристигнале од странство.

Од почетокот на пандемијата во Кина, регистрирани се 90.622 случаи на инфекција со коронавирус и 4.636 смртни случаи кај ковид пациенти, пренесува „Ројтерс“.

Досега Кина го вакцинираше населението во оваа најнаселена земја во светот со 200 милиони дози вакцини.

Слични содржини